Македонија 16. септември 2019. / 20:53

Тасевски: Затворениците во странство земаат поголеми плати од нашите

Тасевски: Затворениците во странство земаат поголеми плати од нашите

Актерот Сашо Тасевски, на Фејсбук, ги искоментира ниските, мизерни плати во нашата држава.

Тој направи споредба на нашите плати со платите на затворениците во странство.

– Плата на затвореник во германски затвор е 620 евра. Ако те затворат во Швајцарија и садиш патлиџан во затворската еко градина, ќе земаш плата од 800 франци.
Затворска плата. Значи, во затвор си и државата те плаќа 800 франци. Ова се факти господа дудлачи партиски.
Со плати од 200 до 500 евра, ние овде не сме му дораснати ни на затвор во Германија и Швајцарија. Значи сме ќумез, голубарник или кочина, така нешто.
Ете во толкава мизерија живееме 28 години.
И после зошто заминуваат Македонците во Германија и Швајцарија на печалба? Зашто и во затвор ќе им биде подобро од тука. – напиша Тасевски.