Македонија 06. јули 2019. / 10:43

Тасевски на Фејсбук: Рашко сега до кај на мајка му ќе се извинува, кога само небото е граница, а до него се извини

Тасевски на Фејсбук: Рашко сега до кај на мајка му ќе се извинува, кога само небото е граница, а до него се извини

Пукна и втората бомба за Рашко. Сега до кај на мајка му ќе се извинува, кога само небото е граница, а до него се извини. Нема погоре – напиша Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил.

Понатаму тој пишува:

Оркестарот за одбрана на пејачката ја почна жестоко својата симфонија. Неправедно била медиумски линчувана. Тоа што некои од оркестарот секојдневно уништувале кариери на други уметници, за кои никој не дознал, зашто биле уништувани ќутенката, подмолно, тоа нема везе.

Невнимание било у прашање. Утнала несакајќи. Како во случајот со мајката на малата Тамара, како со амбулантните возила, како со изјавите против колегата од Србија на Евровизија, како сега со химната. Некако често. Ама извинувањето ги отстранува сите дамки.

Оркестарот важно изблу омраза кон оние кои блуеле омраза кон пеачката. Погани, ќосиња, ретарди, злобници. Па имаш тука патетики од типот: ТИ СЕ ИЗВИНУВАМ ПЕАЧКЕ ОД МОЕ ИМЕ ЗА ТИЕ ЃУБРИЊА ШТО ТЕ КРИТИКУВААТ ПОГАНО. Демек прости, што со ваков шљам живеам. Да повратиш! Сите не ја критикуваа погано. Имаше некои кои тоа го правеа со аргументи.

Вие сте изгледа стварно ќори ако не гледате дека соседите водат специјална војна против се што е македонско. Или со сила глупи се правите, па цинично ги релативизирате фактите околу вас.

Знаете кој прв го поздрави рипањето на стихот од химната, уште пред вие да се оркестрирате? Бугарските портали и медиуми. Нормално че момичето заборавило на Гоце и Даме кога се Блгари.

Што е? Ви фали цел паркет у глаа да сфатите дека специјалната војна е во ек. Затоа е важно кој што каде и кога ќе каже, а кое се однесува на државата и нејзините симболи. Па било тоа политичар или пејач. Нема тука: Еј а бе го заборавив стихот на државната химна. И тоа баш оној кој е најспорен во новите вазалско господарски односи меѓу нас и Бугарија, во кои ние сме домаќинката и кафе куварката.

Јавните личности мораат да си сносат одговорност за своите јавни настапи грешки и испади. Секому му се случило. Е па сеа ќе те колваат, ќе трпиш. Ако си прав, твојата правина и автентичност ќе излезе кога тогаш, без разлика колку те поганеле. Ако те проголта таа јавност и тоа е океј. Аждер е. Знаете зошто? Зашто вие таква ја направивте, со вашите ќорсокак политики, лажги и манипулации. И пак немате слух и емпатија да ја сфатите зошто е толку иритирана и честопати безмилосна таа јавност. Пис на јазик.

Не ја бранам, ама вие сте поопасни зашто имате моќ, а се правите од личен интерес и за свои деца. Инаку со прст не мрдате за друг кој не ви на некој начин ваш и близок – пишува Тасевски на Фејсбук.