Актерот Сашо Тасевски, поранешен директор на Драмски театар јавно прашува дали ќе се најде макар еден банкар во Македонија кој ќе им ги прости каматите на ратите за кредити на граѓаните.
Ќе се најде ли некој банкар од мајка роден во оваа попедер… пардон, посеверчена држава, кој ќе излезе во јавност со вакво искрено соопштение:
Драги наши клиенти, крави музари. Ве молземе цел живот, ве дереме ко јарци, ве бричиме на суво, на нос ви го вадиме секој кредит што ви го даваме и многу сме ви благодарни за вашата трпеливост.
Но ете чукна часот и ние да ви се најдеме, да ви вратиме за добрината во ова време невреме. Па за таа цел, живејте шест месеци без да ве цицаме. Ни камати ни рати за кредити ви бараме. Може тоа ќе ме осиромаши за три милиони евра по месец, мене и моите педе… пардон, другарчиња од Усраниот… пардон, од Управниот одбор, ама нема проблем, имам уште триста милиони во една кипарска банка, кај колега.
Затоа, бидете ми живи и здрави, оти такви ни требате, за да можеме пак да ве еб… молземе де – напиша Тасевски на Фејсбук.