Значи многу ги потценувате вмровците, вели актерот Сашо Тасевски, коментирајќи ги изјавите на Митко Јанчев дека ќе го превземе ВМРО-ДПМНЕ, како и протестот кој го најавува.
-Оној Митко од Кавадарци сака да го смени Мицко со протести. Кога би го сменил, тоа е исто ко Заев да го избрал новиот лидер на ВМРО. Добро де, Митко си има и некој над Заев од сРанците што го поддржува во таа авантура, ама исто му се фаќа.
Дечко бе, џабе губиш време и нерви, вмровците не се нешто луди по тебе. Гледај си бизнисот и градот. Легни под некое буре, опушти се, му порача Тасевски на Јанчев.