Чудно, несекојдневно и на ниво на опструкција, вака Слаѓана Тасева претседателката на Транспаренси интернешенл за Телма ја коментира истрагата за случајот во кој е вплеткана и специјалната обвинителката Катица Јанева.
Тасева вели дека досега требало да се земат изјави во обвинителството предводено од Вилма Рускоска, а не да се мисли на одмор.
– Првична работа е повикувањето на лицата на разговор, да дадат првично објаснување за тоа што се случува. Од сите аспекти, ако гледаме од аспект на водење на постапки на пред истрагите, истрагите, на пред кривичното постапување, криминалистичките методи кои што се користат за случај, ваквото постапување е невообичаено и може да се смета дури за опструирање. – рече Тасева.
Таа додаде дека идејата на предистражни дејства е за тие да не можат да се подготват, да не можат да се договорат меѓусебно и да не можат да ја избегнат одговорноста ако таа постои.