Македонија 29. јануари 2021. / 10:17

Тасева: Владата е поподготвена да не ги прифаќа резултатите отколку да се соочи со реалноста

Тасева: Владата е поподготвена да не ги прифаќа резултатите отколку да се соочи со реалноста

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во „Утро со Златев“ на Радио Лидер ја објасни состојбата со извештајот за индексот за перцепција на корупцијата и зошто Владата не ја прифати реалноста и не се обиде да направи нешто за да ја смени, и наоѓа други виновници.

„Не се случило, во последниве четири години кога имаме постојано лоши резултати, ниту еднаш никој од Владата не нѐ повика да објасниме како се формира, како може да се одработи, што е тоа што може да се подобри за да се  подобри состојбата. Поподготвени се да не ги прифаќаат резултатите отколку да се соочат со реалност. Многу сериозен индикатор е дека се покажа незадоволството од работата на судството, имаме намалување за владеење на право и правда. Очигледно е дека реформата не се одвива како што треба или воопшто не се одвива и дека треба да се направи исчекор. Но, имаме исто така проблеми со економијата. Што е она што е проблем за странските инвеститори  за да не можат да востановат стабилен бизнис, со какви проблеми се соочуваат инвеститорите. Фактот дека се се случува во Владата, не е добар. Не сакаат странските компании договорите да ги склучуваат во Влада. Нивните договори треба да се склучуваат каде што се одвива економската активност“, рече Тасева.