Македонија 01. јули 2019. / 18:20

Тасева удри по ген-секот на Владата: Секој изговор на Рашковски е неиздржан

Тасева удри по ген-секот на Владата: Секој изговор на Рашковски е неиздржан

Носителите на јавните функции да се тргнат од јавните набавки, вели претседателката на „Транспаренси Интернешнал“, Слаѓана Тасева, коментирајќи ја постапката на ГенСекот на Владата Драги Рашковски.

Тасева вели дека функционерите треба да интервенираат само како надзор во јавните набавки, доколку биде прекршена одредена постапка во процедурата.

– Формално, во постапките за какви било јавни набавки, по функција не е вклучен генералниот секретар на Владата. Каков било изговор зошто се вмешал и зошто е разговарано на оваа тема не е издржано. Ова не е работа на генсекот и тој треба да објасни зошто се нашол во ситуација воопшто за тоа да разговара. – вели Тасева во изјава за Радио Слободна Европа.

Според неа, евентуалната вклученост на генералниот секретар во таа постапка може да се оправда само доколку се работи за информативен разговор.

– Ако тоа било чисто информативен разговор и затоа добил задача да информира, тоа веројатно спаѓа во надлежностите на тој што му дал такви задачи, но сепак тој треба на јавноста да и објасни зошто се нашол во ситуација да зборува за таа работа. – вели Тасева.