Македонија 10. септември 2019. / 14:54

Тања Милевска со навреди кон новиот еврокомесар за проширување, но и кон жените

Тања Милевска со навреди кон новиот еврокомесар за проширување, но и кон жените

Тања Милевска, дописник на МИА од Брисел, упати навреди кон новиот еврокомесар за проширување на Европската Унија, но и кон жените.

Ласло Трочањи, поранешниот министер за правда во владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е предложен за еврокомесар за проширување од страна на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лaјен. Ваквиот избор не и се допадна на Тања Милевска.

Таа на Твитер ретвитна коментар во кој се вели дека Трочањи бил министер во владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, во време кога се поткопувал демократскиот систем во таа држава. Милевска, како „државен службеник“, вработена во државна агенција, не смее да изразува политички ставови и омраза на политичка основа, бидејќи тоа е спротивно на сите кодекси на однесување.

Ова е скандалозно, и баш поради тоа што Македонија е на работ да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, а токму еврокомесарот за проширување е еден од клучните фактори за тоа да се случи.

Освен тоа, Милевска ретвитна и коментар во кои жените, во случајот од ВМРО-ДПМНЕ, се нарекуваат „дебили“.