Македонија 25. јули 2018. / 11:31

Талат Џафери во сабота свикува седницата за законите договорени на лидерската средба

Талат Џафери во сабота свикува седницата за законите договорени на лидерската средба

Собранискиот спикер Талат Џафери, за сабота ќе ја закаже пленарната седница на која ќе се гласа за нови членови на Државната изборна комисија, измените во Законот за финансирање на партии и Законот за Влада каде ќе се вметне делот за техничка влада по принципот на договорот од Пржино.

Седницата е одложена поради отсуство на Џафери.

Трите точки требаше експресно да бидат изгласани во понеделникот, кога на лидерската стредба биле усогласени двата закони и притоа лидерите се договориле членовите на ДИК да се бираат по старата законска регулатива со двотретинско мнозинство, а не со 61 глас како што предвидуваа измените на изборниот законик.