За да се обезбеди двотретинско мнозинство и за да се усвојат уставните измени и за да се имплементира Спогодбата од Преспа, потои отворена можност пратениците во Собранието да гласаат тајно, објави Фактор.
Деловникот на Собранието во однос на тајното гласање:вели дека може да се одлучи гласањето да биде тајно по предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат десет пратеници.
Тајното гласање за предлогот во целина се врши на тој начин што во гласачкото ливче се наведува предлогот и зборовите “за” и “против”, а гласањето се врши со заокружување на еден од наведените зборови. Претседателот на Собранието по завршувањето на гласањето ги соопштува резултатите од гласањето и врз основа на резултатот констатира дали предлогот за кој се гласало е усвоен или одбиен.
Проценките се дека на парламентарното мнозинство треба да обезбеди уште девет пратенички гласа за да почне постапката за уставни измени. Квалификувано мнозинство потоа ќе биде потребно и во финалната фаза од измените на Уставот.
Во моментов оние пратеници од опозицијата кои сакаат да соработуваат наедно стравуваат од јавна осуда во својот политички кампус, па тајното гласање би било логичен чекор за да се обезбеди нивната поддршка.