Македонија 23. јуни 2018. / 19:16

Тајани: Можно е отворање на бегалски центри во Македонија или Албанија

Тајани: Можно е отворање на бегалски центри во Македонија или Албанија

Пред самитот на ЕУ, претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, ги предупреди членките да не водат егоистична миграциска политика и најави можно отворање прифатни бегалски центри во Албанија или Македонија, пренесе АлсатМ.

„Пристапот кон прашањето на доселениците не смее да води кон уништување на ЕУ“, изјави Тајани во денешното интервју за медиумите од групата Функе.

Тој ги потсетува закараните коалициски партнери во германската влада дека миграцијата не е „чисто германски проблем“ и дека под силен притисок се и Италија и Грција.

Германската Христијанско социјална унија планира по самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни да го дефинира натамошното постапување во спорот за бегалската политика со канцеларката Ангела Меркел. Це-ес-у ѝ даде рок на Меркел до самитот да постигне европско решение за барателите на азил, во спротивно министерот за внатрешни работи од оваа партија, Хорст Зехофер, е спремен да започне со враќање на мигрантите од германските граници кои претходно се регистрирани во друга членка на ЕУ.

За утре претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, упати покана за еден вид предсамит, неформална работна средба во Брисел, на која ќе учествуваат 16 држави од ЕУ.