Македонија 08. февруари 2020. / 09:41

Тачи смета дека е неизбежно да се има дијалог со Вучиќ

Тачи смета дека е неизбежно да се има дијалог со Вучиќ

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека дијалогот со српскиот претседател Александар Вучиќ е неизбежен, затоа што Вучиќ е избран од српскиот народ.

Како што пренесува Косово онлајн, Тачи во емисијата „ А Шоу“ на приштинската телевизија „Т7“, говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, проговори и за односите со Вучиќ и истакнал дека дијалогот со Вучиќ е неизбежен.

Тачи, сепак, оценил дека Србија се однесува непријателски кон Косово, но и додал дека е потребно повеќе да се гледа во иднината.