Македонија 07. јули 2020. / 19:10

Тачи: Може да има војна во Македонија, ако има Влада без Албанци

Тачи: Може да има војна во Македонија, ако има Влада без Албанци

Влада без Албанци не може да има, таков потег може да доведе само до војна, изјави лидерот на ДПА – Мендух Тачи, во интервју во емисијата „Изборни дебати“, пренесува „ТВ21“.

Тачи го обвини лидерот на ДУИ дека е манипулатор кој провоцира одредена ситуација:

Али Ахмети вели дека се партија за интеграција, а 20 години наназад е националистичка партија. Тој е прав манипулатор кој провоцира одредена ситуација“, рече Тачи.

„Значи, вие велите дека има Влада без Албанците?“, следуваше прашање, а Тачи појасни:

Не, чекајте, не ме оставивте да завршам. Нема Влада без Албанците, може да има војна.