На сообраќајните табли во близина на граничкиот премин Делчево, поставени се табли со новото име на државата – Република Северна Македонија.
Таблите како што известија надлежните, поставени се согласно договорот од Преспа со Република Грција.
Што се однесува до таблите на граничниот премин „Станке Лисичково“ од бугарска страна, тие се уште се со името Република Македонија.
– Се уште се работи на изнаоѓање начин како ќе се врши замената на таблите со новото име на вашата држава. Дали замената ќе предвиди целосно нови табли или врз веќе постоечките ќе биде ставен натпис со новото име, ќе се знае до крајот на неделата. – се вели во соопштението од бугарската гранична служба.
Делчево е на 25 километри од Бугарија која е членка на Европската Унија и секојдневно на овој граничен премин поминуваат над 150 товарни возила.