Светската здравствена организација донираше заштитна опрема за Инфективната клиника во Скопје, информираат од Министерството за здравство.
Благодарност до Светската здравствена организација (СЗО) која во рамките на солидарити фондот, донираше лична заштитна опрема за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Пратката содржи 293 700 парчиња опрема за лична заштита, односно 65 000 медицински маски, 122 000 N95 респиратори, 5 200 очила, 1 0500 заштитни наметки и 91 000 ракавици“, велат од министерството за здравство.
Вредноста на донацијата изнесува 305 000 американски долари.