Сигурно е дека ништо нема да биде како пред појавата на вирусот COVID 19. Но, зошто и што не очекува ? Каде е теоријата на тридеценискиот економски развој за мега проектите за економско поврзување на светот преку регулација на пазарот ,новата евроазиска валута , Биткоинот и мноштвото на прескокнати и лекции за глобализацијата и понапредните општествени процеси? Нели се залагавме за економско здружување на капиталот и фер игра на глобален план? Се враќа ли во игра максимата „само посилниот опстојува“ или подрско кажано „Во право е тој во кој е моќта на парите“?
Да, така е, мораме да признаеме. Овој вирус ги погоди сиромашните и немоќните економии да го издржат товарот на Новото време COVID 19.
Сме биле сведоци на многу битни случувања како што се Падот на Берлинскиот Зид, САРС, ХИВ и ред други моментни историски чинители, но ова е нешто друго и сите не става во дилема и ред можни одговори се наоѓаат во нашите глави.
Економската рецесија 2009 добро го раздрма економскиот свет да размислува за препознавање на кризите и нивно разрешување, но универзален модел не се најде. Ова е нешто друго кое што ги разбистри големите умови на економската теорија и пракса. Хистеријата која го има опфатено светот со прашањето што утре ги тера на размислување на буџетски кратења и економичност во управувањето со државната каса.
Да се вратиме на нешто кое не верувавме дека е одминато „Државата е ноќен чувар на капиталот“.
Дали либерализмот може да опстои во вакви времиња – невремиња односно максимата laissez- faire се мисли на ослободување на пазарот од интервенции односно да се остави да ги диктира условите на понудата и побарувачката ?
А да ги вратиме Кензијанците во игра нивната школа? Сигурно Да ! Но зошто секој ќе праша? Да го поминеме тоа низ анализа и аргументи на сегашниве случувања.
Кејнз истакнува дека државата мора вештачки да иницира инвестиции во стопанството како би ги придвижило неповолните моменти на сопрената економија од недостаток на побарувачка по цена на дефицит во буџетот.
Дефицитот по негово сфаќање може да се објасни како позитивна појава и може да се толерира затоа што се очекуваат позитивни ефекти од зголемената побарувачка а со тоа би ја забрзал успорената економска локомотива.
Но што имаме денес и дали ќе најдеме некоја поврзаност со Кензијанците?
Оваа криза сигурно ќе ги погоди слабите економии. Нормално дека капиталот ќе се повлекува од државите кои се во развој односно како странски инвестиции кој се вложил со цел да се закрепни матичната економија. Значи се повлекува во матичната држава.
Во втората половина на 2019 година вкупниот глобален долг изнесува 350 милијарди долари а тоа попрецизно кажано изнесува 320% од вкупниот глобален бруто домашен производ .За потсетување кризата во 2008 година која беше и те како запаметена во економската литература и предмет на мноштво анализи за моделите и начинот за предвидување на кризите оваа во 2019 година го надмина тоа.
За жал моментално финансискиот глобален систем функционира не многу плански, пари се печатат како би се одржале ниски каматни стапки, а воедно старите долгови се враќаат со нови задолжувања. Во САД 2019 исто така почна сериозна финансиска криза која произведе печатење и пуштање во оптек на голема сума на пари.
Во 2020 дојде Корона вирус, а тоа произведе криза на побарувачката и понудата. Значи Кензијанците пак се во игра. Тоа е комбинација која се среќава во сериозни кризни времиња поготово во време на војна. Во ова кризно време следствено на сериозната на кризата земјите од западните економии иако со капитал голем за почит се спремаат за впуштање во оптек на голема сума на пари како би го надминале сегашниот финансиски кризен момент. Се работи за сума од илјадници милијарди долари. Големите капиталистички корпорации и банки ќе бидат спасени со државна интервенција „Државата мора да биде ноќен чувар на капиталот“.
Но што со слабите економии државите што долго време беа и се се уште во транзиција ? Слабите економии ќе бидат на колена, а богатите држави и ММФ ќе им понудат помош во кредитни линии, а со тоа нормално државите ќе го зголемат долгот кон надвор и уште повеќе ќе усложнат економската ситуација во матичната држава. Оваа криза ќе донесе нови социјални проблеми, многу луѓе ќе останат без работа, многу работни места ќе се укинат благодарение на повлекување на странските инвестиции во земјите во развој.
Неспособните економски тимови на владите кои се без капацитет за решавање на економските проблеми во сегашнава Корона криза ќе ја провејуваат тезата дека добро е што се спасивме здрави и живи, но вистината ќе биде поинаква. Населението ќе биде во голема сиромаштија и беда.
Д р Љупчо Бошевски