Општинскиот кризен штаб во Свети Николе донесе одлука да побара помош од екипи на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Велес да се отвори пункт за тестирање за Ковид-19 во градот.
Целта е брисови да се земаат во Свети Николе, со цел жителите да не мора да одат на тестирање во Велес.
Според градоначалникот Сашо Велковски, со тоа ќе се намалат трошоците за превоз за лицата што се тестираат, но ќе има и намалување на транспортот од здравствениот дом во Свети Николе.
Велковски соопшти дека на територијата на општините Свети Николе и Лозово моментално има 198 заразени лица со Ковид-19, а 132 лица се во самоизолација по основ на контакт со заболени лица. Сите заразени лица се со полесни симтоми на болеста и вон животна опасност.