Аферата „Рекет“ што ја отвори Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за која Катица Јанева поднесе оставка, а Боки 13 и Зорн Милевски Кичеец завршија во притвор, добива нови, многу сериозни криминални димензии кои се однесуваат на скап имот на осомничениите во Империја кој завршил кај бизнис партнерот на Кичеец и кај братучедот на премиерот Трајче Заев, објави Сведок.
Од извори во истрагата, Сведок дознава дека ќе се испитува и рекет платен за автомобилите и јахтите на Камчев, Панделески и Кочан кои сега ги имаат бизнис партнерот на Зоран Кичеец, Владимир Стаиќ викан Роштиљ и семејството Заеви.
Јавната обвинителка Вилма Русковска, според информациите на Сведок, сега се очекува да ги истражи информациите, како било направено тие да се префрлат на нови сопственици и тоа: како јахтата на Дејан Панделески-Пелитерка, сега е сопственост на Владимир Стаиќ Роштиљ, која според информации на извори во истрагата непречено плови по Јадранот.
Инаку бизнисменот Владимир Стаиќ, објави дека и тој бил жртва на рекетот, но не прецизира од кого.
Втората работа што ќе ја испитува истрагата е и информацијата, дали и како „Бентлито“ на Орце Камчев сега станало сопственост на Трајче Заев, близок роднина на премиерот Зоран Заев?
Русковска и обвинителството ќе мора да истражат и како „Бентлито“ на Сеат Кочан сега станало сопственост на Владимир Стаиќ Роштиљ? Ќе се истражува и како „Мерцедесот С 500“ на Орце Камчев станал сопственост на Владимир Стаиќ Роштиљ.
Од овие инфорамции се доаѓа до заклучок дека не се плаќал рекет само во кеш туку и во скапи автомобили и јахти.
Засега јавноста дозна само за кешот од 1,5 милиони евра во ташна „Луи Витон“, но излегува дека рекетарската афера ќе достигне милионски размери во кои се вклучени повеќе луѓе.
Сомневањата се дека глаавниот ортак на Зоран Милевски Кичеец преставник на Галф Македонија, преку Галф Албанија е „Супертрејд“ на Владимир Роштиљ и заедно биле вториот дел од рекетот, кој што бил наплатен во скапи автомобили и пловила.