Македонија 30. септември 2020. / 09:19

Свечена програма по повод 71-годишнината од основањето на Народна Република Кина

Свечена програма по повод 71-годишнината од основањето на Народна Република Кина

По повод 71-годишнината од основањето на Народна Република Кина, кинеската Aмбасада во нашата земја подготви свечена програма за чествувањето на празникот.

Од 27 до 30 септември, кинеската амбасада организира „Квиз за Кина“ на нејзинaта Фејсбук-страница (https://www.facebook.com/chinaembassynmk/).

Денеска, со почеток во 17:45 на МРТ1,ќе се емитува документарниот филм „China from above – 1″.

На 1 октомври во 19:30 на МРТ1 ќе има интервју на амбасадорот во Република Северна Македонија Џанг Ѕуо. В петок, од 07:00-24: 00, на голем екран на плоштадот ќе се емитуваат документарни филмови за Кина. Истиот ден на МРТ1 со почеток од 17:45 ќе се емитува документарен филм „China from above – 2″.