Македонија 24. април 2018. / 12:42

Сугаревски се огради од чочекот

Сугаревски се огради од чочекот

Министерството за транспорт и врски се оградува од активностите на автопатот Демир Капија-Смоквица каде по повод пуштањето во употреба вчера беше организирана веселба со жива музика и чочек. Од Министерството велат дека не се организатори на овој настан.

„Во однос на информациите објавени по електронските медиуми и социјалните мрежи а кои се однесува на некаква забава на делови на автопатот Демир Капија-Смоквица, сакаме да појасниме дека Министерството за транспорт и врски се оградува од секаква активност поврзана со овие информации. Исто така сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, велат од Министерството на Горан Сугаревски.