Одлична е реализацијата на капиталните инвестиции на крајот од вториот квартал, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со директорот на Јавното претпријатие за патишта, Зоран Китанов изврши увид во реконструкцијата на двата моста кај Неготино.
Реализацијата е на високо ниво и во делот на гасификацијата каде во октомври/ноември се очекува комплетно заокружување на предвидените 1,5 милијарди денари. Кај социјалните станови реализацијата е веќе завршена во делот на префрлање средства до ПУИГ, во делот на водовод и канализација има 28 проекти кои сериозно се реализираат на терен што е историски најмногу со оглед дека во последните шест години тоа се нема ни приближно случено.
-Јавното претпријатие за државни патишта не е буџетски корисник и дополнително го додаваме тоа како реализација на капиталните инвестиции во делот на ресорот на транспорт и врски. Имаме одлични резултати. Тоа што најавував дека вториот квартал ќе биде силен, е исклучително силен, а се знае дека третиот, четвртиот вообичаено е најсилен во Министерството. Ги отфрлам сите лажни вести дека е слаба реализацијата. Напротив, нагласи министерот.
Главниот фокус на Владата и на Министерството за транспорт и врски, рече, е реализација на капиталните инвестиции.