Македонија 20. октомври 2018. / 23:17

Судската администрација највува штрајк

Судската администрација највува штрајк

Судската администрација за некој месец би можела да започне штрајк кој е ставен во мирување веќе година и пол, откако и покрај ветувањата, поворно нема позитивен одговор на нивните барања. Борче Мирчевски, претседател на здружението на судската администрација за Алсат М вели дека на секое трпение има крај, па и на нивното.

„Вработените тоа го бараат. Дел од вработените се веќе нетрпеливи. Но, ние како раководство во координација со УПОЗ се уште сакаме да ги исцрпиме сите можности институционално да го решиме овој проблем. Меѓутоа, доколку тоа не се направи во догледно време ние нема да дозволиме и понатака да стојат нерешени овие прашања. Ние ќе почекаме најмалку уште еден месец, па потоа ќе ги испорачаме нашите барања на поинаков начин“, вели Мирчевски.

За неколку месечниот штрајк во 2016 година, на повеќе од 2.000 судски административци за два месеци им биле задржани по 40% од личниот доход. Обвинуваат дека тоа било направено без запазување на соодветна процедура и покрај тоа што членот 77 од Законот за судска служба предвидувал 60% плата за оние кои штрајкуваат.

„Нема да ви кажат дали работите кои беа итни во штрајкот се извршуваа и дали тие им задржаа пари на сите кои штрајкуваа или правеа селективен приод при задржување на парите.бПретседателите на судовите на дел од вработени не им задржуваа пари бидејки тие вработени беа привилегирани од нивна страна. Во нашите случаи имаше и такви кои биле на боледување или користеле одмор, но од платата му е задржана истата сума“, додава Мирчески.

Досега имале разговори со министерката за правда од која добиле ветување дека Законот за судска служба за бргу време ќе претрпе измени и оти сите нивни забелешки ќе биле импелементирани во текстот на Законот. Се воделе разговори и за враќање на парите кои им биле задржани на вработени. Доколку не најдат заедничка солуција по однос на ова прашање, најавуваат тужби против државата пред домашните судови. Едно од неколкуте барања се судската администрација да добие првано – законско зголемување на надоместоците на плата до 35%.