Судот во Куманово изрече шестгодишна затворска казна на Бобан Илиќ, кој го прегази четиригодишниот Алмир Алиу. Судијката Маја Денковска изрече и шестмесечна затворска казна за таткото на детето.
-Судот ги имаше предвид сите докази и закон рамки за или соодветна казна соогласно дејствијата кои ги презеле и настанатата ситуација. За останатите тројца, судот ја имаше предвид последицата, затоа е одредена минималната казна. Девет месеци затвор за другите двајца. На Илиќ му се засметува времето поминато во притвор – рече судијката.
За осудени исто така се прогласени и Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу за делото „насилство“ и се осудени со казни затвор од шест до девет месеци.