Кривичниот суд одлучи да му го одзеде пасошот на сопственикот и управител на фризерницата „В.Е.З. Трејд“, Зоран Златковски, кој е опфатен со истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, објави А1ОН.
Одбраната на Златковски пред судот не се противела на изрекување на мерките што ги побара обвинителот кој го води случајот. Тој сега има обврска и повремено да пријавува во судот, а доби и забрана за преземање одредени дејствија
За мерките што ги бара Обвинителството за разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, и поранешниот надворешен соработник во Националната агенција, Александар Гочев, ќе се одлучува наредните денови.
Обвинителството во петокот достави предлог до кривичниот суд, во кој за тројцата осомничени побара да им бидат изречени мерки за претпазливост, со цел обезбедување присуство и непречено водење на кривичната постапка.
Истиот ден, Управниот одбор донесе одлука за разрешување на Лидија Димова. Предметот е во фаза на истрага, по што обвинителот ќе донесе одлука дали ќе има судска постапка.
Текстот во целост на: А1ОН.