Македонија 02. ноември 2018. / 17:48

Судот ја одби жалбата на ВМРО ДПМНЕ, имотот на партијата останува замрзнат

Судот ја одби жалбата на ВМРО ДПМНЕ, имотот на партијата останува замрзнат

Кривичниот совет ја одби жалбата на ВМРО-ДПМНЕ и го потврди решението за замрзнување на недвижниот имот на политичката партија, информира денеска Основен суд Скопје 1 – Скопје.

– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка кој го уважи предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена со предлогот. Советот, по ценење на фактите и доказите во жалбата, донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка- се вели во соопштението од Кривичниот суд.

СЈО поднесе барање до Судот за замрзнување на седиштето, штабовите и останатиот недвижен имот на ВМРО-ДПМНЕ. Барањето е во рамки на предметот „Талир“, што се однесува на незаконско финансирање на партијата.