Македонија 17. февруари 2020. / 14:01

Судијката го опомена Боки да не се смее, а Јанева да не зборува многу

Судијката го опомена Боки да не се смее, а Јанева да не зборува многу

За време на рочиштето, судијката Васка Николовска Масевска имаше забелешка на однесувањето на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Судијката го опомена Боки да не се смее, а Јанева да не зборува многу.

– Сакате да излезете – го праша Масевска Боки откако тој иронично се смееше.

Поранешната специјална обвинителка, пак, беше опомената да „не зборува многу“ откако таа дофрлаше нешто од место.

Нивните реакции следуваа откако Обвинителката Вилма Рускоска презентираше снимка како Боки во јули 2019 влегува во куќата на Јанева во улица Стрезовска.