Судијата во предметот „Титаник“ на денешто рочиште се заканувал на обвинетите дека ако не се појават на следното рочиште ќе ги преиспита веќе определените мерки за притвор, потврдуваат за Република“, присутни на рочиштето, пишува Република.
Ова предизвикало остри реакции како од обвинетите како и од адвокатските тимови. Тие сметаат дека од хумани причини рочиштето мора да се одложи со оглед на состојбата во државата со корона вирусот и предложените мерки од страна на Владата.
Но, судијата несакал ни да слушне за такво нешто и се повикувал на одлука која требало да ја донесе Судскиот совет иако во вакви случаи Судот е надлежен да одлучи за пролонггирање на рочиштето.
На денешното рочиште повеќето од присутните не носеле заштитни маски и ракавици. Немало ниту растојание од 2 метри помеѓу присутните дури и Судскиот совет со поротниците седеа на растојание помало од половина метар.
Не се прифати ниту еден поднесок за одлагање на рочистето иако има обвинети со хронични заболувања, родители кои чуваат деца под 10 години. Сите на 30 ,март мора да дојдат, кој не дојде, ќе се соочел со последиците, објаснувал судијата во процесот.
Адвокатите да си најдат замена или ќе се определат адвокати по службена должност. Обвинетите, без разлика дали користат мерка на владата, ако не дојдат, ќе им се преиспитаат мерките и ќе се определат построги, односно притвор-се заканувал судијата.
Се поставува прашање кој и зошто инсистира да има судење, иако овој предмет застарува за 20 години.Кој ќе одговара ако судот стане жариште на корона вирусот?