Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска беше сведок во судењето за настаните од 27 април. Тогаш Спасовски беше пратеник и објасни дека од тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, барал да прифати промена на дневниот ред и веднаш да се пристапи на точката за избор на претседател на Собранието, но оти тоа не било прифатено.
Обвинителката Вилма Рускоска го праша Спасовски дали може да се донесе некоја одлука без да знае раководството на партијата, на што остро се спротистави одбраната на обвинетите бидејќи прашањето било наведувачко. Судијата тоа го прифати.
Обвинетиот Миле Јанакиески објасни дека има големи разлики во функционирањето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Сите партии имаат различен статус и начин на функцконирање. ВМРО-ДПМНЕ има над 500 месни комитети– кажа Јанакиески.