Македонија 22. септември 2020. / 19:15

Судењето за случајот „Таргет-Тврдина“ продолжува на 30 септември

Судењето за случајот „Таргет-Тврдина“ продолжува на 30 септември

Во Основниот кривичен суд во Скопје на 30 септември продолжува судењето за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Тврдина-Таргет“, со сослушување на оштетени сведоци.

Пред крајот на денешното рочиште сведочеа новинарите Душица Мрѓа, Васко Попетревски, Среќко Поповски и Оливера Трајковска, кои се изјаснија дека од лидерот на СДСМ добиле папки со транскрипти од нивни прислушувани разговори, како и од смс пораки.

Потоа, од страна на поранешното Специјално јавно обвинителство им било потврдено дека се прислушувани подолг период.