Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели.
Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија.
Претходно заврши 14-дневниот државен карантин за 99 лица кои беа сместени во хотелот Молика на Пелистер. Луѓето го напуштија хотелот на 15 април годинава.
За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, „Славија“ и „Попова Шапка“, каде што во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму.