„StopKorona!“ – е мобилната апликација која ќе ја применуваат властите за справување со епидемијата на Ковид-19, а на својата седница Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише договорот за донација на оваа апликација со Друштвото за информатичка технологија „Некстсенс“.
Користењето на оваа мобилна апликација е на доброволна основа од страна на граѓаните, а деталите за апликацијата ќе бидат презентирани на прес конференција од страна на министерот за здравство и министерот за информатичко општество и администрација – најавија од Владата.