Андреја Стојковски од Институтот „Преспа“ во Студио 10 на ТВ24. рече дека вака како што стои заклучокот, не е многу среќен, по ветото од Бугарија.
„Може да се обидуваме да правиме притисоци и врз Бугарија, и врз други членки од ЕУ, но и надвор од ЕУ, нема таква држава која може да ги натера да отстапат од своите позиции. Во Македонија поддршката за членство во ЕУ е константно висока во сите овие 30 години. Имало падови, но иако биле забележливи од они високи 80-90% во јавноста. Таквиот пад не бил до таа мерка голем за да предизвика промена на чувствата кај граѓаните“, рече Стојковски.
Тој смета дека сега се чини се работи за малку поинаков, поапсурден спор за разлика од тој со Грција.
„Може да се очекува пад на поддршката за влез во ЕУ. Нашето истражување ова лето ни покажа дека Бугарија е најголемиот пријател на државава, во листа од 25 држави. Се појавија повторно стереотипи и говор кој не соодведствува на вој период“, вели Стојковски