Македонија 25. ноември 2020. / 20:44

Стојчев: Не можеме да кажеме дека бугарската војска ја ослободила Македонија

Стојчев: Не можеме да кажеме дека бугарската војска ја ослободила Македонија

„Треба да има повеќе стручни луѓе да се повикуват и да ги објаснуваат овие работи. Не може да гледаме на работите црно-бело. Точно е дека Бугарија била фашистичка, а после 1944 станала дел од антифашистичкото движење, но не можеме да кажеме дека бугарската војска ја ослободила Македонија во тоа време“, вели историчарот Александар Стојчев за емисијата „Топ тема“.

Според него, не може никој да ја оспори националната борба на македонскиот народ.

„Никој не може да каже дека има заедничка национална историја со Македонците. Заедничката може да биде само во контекст на народот“, изјави Стојчев.