Во интервју за порталот Инфомакс, доктор Синиша Стојановски претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека обиди за манипулаци со бројката на заразени имало, како и со бројката на тестирани, а дискутабилна е и постапката за набавка на респираторите од Бразил која што одеднаш запре.
Имаше манипулации со бројките, како и за тестовите кои се изведуваа, логиката на нештата вели дека ако се тестира во критичен регион кој е веќе ставен во карантин логично е да се тестира повеќе во тој регион, но Министерството за здравство имало своја стратегија која допрва кога ќе се стиши состојбата треба да се анализира, вели Стојановски.
Во однос на обидите за злоупотреба на респираторите и дали има Македонија доволно респиратори, дали треба да се купува дополнително, Стојановски посочи дека било ветено дека ќе ги добиме респираторите, но освен помошта која стигна од Република Унгарија, Словенија и Турција ние немаме добиено респиратори. -Респираторите во дискутабилна постапка од Бразил беа најавени, па излезе дека имало уште неколку понудувачи со цена која е пониска и со бренд кој има бонитет и реноме, којшто не е за потценување, но постапката сопре, остана дилемата зошто таа постапка не се спроведе кога веќе немало само еден туку четири понудувачи кои имале понудено добра цена и респиратори на располагање, нагласи докторот.
Тој посочи дека она релативизарање на состојбата на почетокот дека се работи само за една варијанта на грип се покажа дека не е воопшто добра процена и сите овие бројки коишто деновиве излегуваат и на светско ниво и кај нас се работи за една состојба на која треба сериозно да и се пристапи затоа што ќе има импликации социолошки и економски не само здравствено. Од медициски аспект импликации ќе има како по однос на здравјето на широката популација, така и функционалноста или подготвеноста на здравствениот систем да се справи со една ваква криза, како и психолошките елементи коишто ќе ги има низ популацијата, вели Стојановски. Во однос на прашањето поврзано со изјавата на доктор Даниловски дека во државата треба да се спроведат најмалку 400.000, тестови или 25% од населението да биде тестирано, Стојановски истакна дека треба да се смени пристапот во однос на теститањето и да се зголеми опсегот на тестирање, тоа да се спроведе заради можноста на тој начин да имаме појасна слика на теренот колкав процент од населението е позитивен на вирусот.
Тој вели дека бројката од 400.000 тестирања е навистина голема за Македонија, затоа што ако правиме 1000 тестови на ден, за 400.000 тестирања ќе ни треба година ипол, а ситуацијата може да се промени на терен. Денешната бројка од извршени тестирања од 6500, а бројката на позитивни е околу 600 заразени тоа е 10% од населенито, веројатно доколку се оди на зголемување на тестирањето ќе се зголеми и бројот на заразени. Примерите на земјите како Јужна Кореа, Германија, Словенија се примери дека со поширок опсег на тестирања може да се стави ситуацијата под контрола, истакна Стојановски.
Тој предложи дека на Република Македонија и е потребна Национална здравствена стратегија којашто ќе овозможи рамномерен регионален развој и ќе направи добар план и скрининг колку единици за интензивно лекување и се потребни според стандардите на СЗО, колкав кадар и е потребен и да го оспособи тој кадар да работи со асистирана вентилација. -Денеска успеав да прочитам изјава на минситерот за здравство каде се споменува голем процент на негативен исход во однос крајниот стадиум на лекување на пациентите кои се поставени на репиратор, треба да се направи анализа и проценка колкав број на респиратори и се потребни на Македонија.
Во моментов ситуацијата не е за релативизарање и бара сериозен пристап, вели Стојановски. Стојановски рече дека Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ излегла со мерки уште во фебруари месец и истите требаше да го подготват теренот за актуелната ситуација, сите мерки коишто ги предложивме иако со задоцнување беа усвоени. Владата треба да ги усвои предлозите и идеите на ВМРО-ДПМНЕ, ние ја подадовме раката кон власта, но гледаме како тоа е прифатено, до денеска не сме биле повикани од ниеден претставник на власта, истакна Стојановски во интервјуто за Инфомакс.