На денешната седница на Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска се обрати до владеачкото мнозинство со критика во однос на предлог законот за дополнително финансирање на автопат делница Кичево-Охрид.
СДСМ си противречи сам на себе повтроно, она што го кажале сега самите го демантираат, тоа е таа нивна пиши бриши политика но за жал од ваквата политика во државава се е стагнирано и ништо не функционира. Се за што ја обвинуваа претходната власт сега го повторуваат и го дуплираат, кога тоа им одговараше трасата беше погрешна сега ретерираат и викаат дека трасата не била погрешна и бараат дополнителни 180 милиони американски долари за истата траса, нагласи Стојановска.
Во понатамошната дискусија, Стојановска упати критика до власта за изминатиот изгубен период во неработење на оваа делница.
Нема со што да го оправдате едноставно немањето капацитет и интрес нешто да се сработи во интерес на граѓаните е вистинскиот заклучок за овој задоцнет предлог закон. Две години и повеќе не работење а полни усти критики кон оние кои што работеа и за што се оставени реални факти и докази не можете со ништо да ги оправдате, додаде Стојановска.