Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на „Фејсбук“ пишува дека Македонија ќе биде нормална држава на 15 јули.
Секој ден станува јасно дека, како што вели, ниту еден случај на криминал сторен од структурите на власта, кој е поврзан со било какво противправно стекнување на материјални средства е искоординиран, одобрен и поттикнат од Зоран Заев.
Истиот тој Заев тврдеше дека Ден Дончев дал оставка од здравствени причини, за да сега излезе вистината на виделина. Повеќе од јасно е дека сите патишта на криминално изрекетираните пари од случаите “Рекет” и “Рекет 2” завршуваат кај семејството Заеви.
На 15-ти јули народот ќе даде “пас” за конечно менување и правно расчистување со овоќие криминални „елити“, напиша Стојаноски.