Македонија 27. јануари 2021. / 20:19

Стојаноски: Дали е вистина дека во една кафеана во Тетово биле договорени процентите од пописот?

Стојаноски: Дали е вистина дека во една кафеана во Тетово биле договорени процентите од пописот?

Денеска наидов на еден податок дека 60% не веруваат во институциите кои треба да го спроведат пописот, изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски, во емисијата Филибастер на Радио Лидер.

Пратениците од мнозинството не убедуваат дека методологијата е тука, ама тоа е далеку од вистината.  Пописот се одржува на сред пандемија. Ниту еден дел од овој попис не е согласно препораките на Еуростат. Ова ќе биде операција која што е однапред договорена . Дали е вистна е дека во една кафеана во Тетово биле договорени процентите од пописот, праша Стојаноски.

Ќе има одговорност за овој попис, потенцираше тој.