Носителката на изборната единица 6, Дафина Стојановска денеска оствари средби со жителите на Гостивар.
Моите гостиварчани уште еднаш се покажаа обединети, храбри и единствени, кога се работи за Македонија , напиша Стојановска на „Фејсбук“.
Таа додава дека гостиварчани останаа достојни на своето име и уште еднаш се покажаа гостопримливи и доста добри домаќини.
Бројноста на средбата и поддршката која ни ја давате ни дава мотивација уште пожестоко да се бориме за Македонија. Прекрасна енергија меѓу граѓаните на Гостивар. Се чувствува победата во воздухот, се чувствува крајот на овој хибриден режим, наведе Стојаноска.