Македонија 29. ноември 2018. / 21:39

Стојаноска: Нема јавен обвинител да реагира по допрен глас, туку само СЈО за политички прогон

Стојаноска: Нема јавен обвинител да реагира по допрен глас, туку само СЈО за политички прогон

Ако говориме за договорот од Нивици јавноста и сите беа тавени на страна, ветувавте обврзувачки референдум па се предомислите, така да се што кажувате околу договорот не држи, рече Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитер на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Канал 5.

Според неа за време на првиот круг кога се одлучуваше дали ќе се пристапи кон уставни измени имаше притисоци.

-Кон многумина имаше пристисоци, а јавниот обвинител не реагира ниту по допрен глас да реагира, имаме само СЈО кое си тера работа и политички прогон, рече Стојаноска. Таа додаде дека нешто ќе остане скриено тешко, „вистината секогаш излегува на виделина“.