Утре со почеток во 8:00 часот, следете го утринскиот подкаст на Радио Лидер со Љупчо Златев каде ќе гостува генералот Стојанче Ангелов.
Генералот Стојанче Ангелов на утрешното гостување доаѓа во улога на в.д. директор на Центарот за управување со кризи и со него првенствено ќе се разговара за пандемијата Ковид-19.
Започнете го денот со темите од кои зависи иднината на Македонија.
Видео стримингот ќе се емитува на нашата Фејсбук страница „Радио Лидер“ и на Радио Лидер 107.4 fm.