Македонија 11. јуни 2020. / 11:52

Стојанче Ангелов посредува вработување во Ирак, не наплаќа, но очекува политичка поддршка

Стојанче Ангелов посредува вработување во Ирак, не наплаќа, но очекува политичка поддршка

Коалициониот партнер на Зоран Заев, Стојанче Ангелов преку социјалните мрежи информира дека посредува вработување во Ирак. Тој ги наведува бараните услови за понудената работа и додава дека за услугата не наплаќа, но очекува политичка поддршка.

Поранешниот генерал од 2001 е вработен како стручен советник во М-НАВ, државната компанија задолжена за воздушниот сообраќај. Во минатото лидерот на политичката партија Достоинство работеше на обезбедување на бродови во Сомалија, а во неколку наврати тоа го правеше и во Ирак.