Македонија 22. мај 2020. / 19:36

Стојанче Ангелов го најде Ден Дончев: Ти го мислиш летнал за Австралија, а тој насмеан се шета

Стојанче Ангелов го најде Ден Дончев: Ти го мислиш летнал за Австралија, а тој насмеан се шета

Лидерот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов, на социјалната мрежа Фејсбук објави селфи-фотографија со екс-директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, за кого веќе почнаа да се шират гласини дека наводно се подготвува да си замине во Австралија, особено по обелоденувањето на аферата „Диамед“.

Ти го мислиш за Австралија ја летнал, тој на Кеј насмеан се шета. Денес случајно налетав на Ден Дончев кој како директор на Фондот за здравство помогна на неколку бранители вклучувајки и набавка на протези од 25.000 евра за наш војник од ЈНА кој од експлозивна направа, во војната при распадот на СФР Југославија, ги загубил двете нозе. Јас никогаш не заборавам добри дела – напиша Ангелов на Фејсбук.