Македонија 15. јануари 2021. / 18:36

Стевановиќ: Пациентите меѓу 40 и 50 години најмногу ги осетија последиците од Ковид-19

Стевановиќ: Пациентите меѓу 40 и 50 години најмногу ги осетија последиците од Ковид-19

Директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, смета дека надежта во справувањето и крајот на оваа ковид-пандемијата се гледа, но никако тоа не треба да биде како мотивација за опуштање и намалување на примената на мерките за заштита.

-Пациентите меѓу 40 и 50 години го понесоа најголемиот ризик од Ковид-19 и најмногу ги осетија последиците што ги остава вирусот. Ако кон крајот на 2020 третираа и по 160 хоспитализирани, сега бројките се преполовени, вели Стевановиќ.

Според неа, од овие 11 месеци може да се научат многу лекции на добра пракса, но и пропусти организациски кои треба да се подобрат.

-За инфектолозите ова беше еден исклучително голем тест, кои спроед мене добро го поминаа. Се уште има тешки пациенти и ќе има и понатаму. Сепак, мислам дека нов наплив нема да биде добар и за граѓаните и за здравствените работници, изјави Стевановиќ.