Македонија 26. ноември 2020. / 13:15

Стефоска: Заев сака да ја истурка земјата да оди напред, но Бугарија треба сама да се соочи со темната страна на историјата

Стефоска: Заев сака да ја истурка земјата да оди напред, но Бугарија треба сама да се соочи со темната страна на историјата

Министерката за култура, Ирена Стефоска на денешната прес конференција, по новинарско прашање околу вчерашното интервју за бугарски медиум на премиерот Зоран Заев, се послужи со зборовите на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден дека „да ги сакаш своите соседи како што се сакаш себеси е радикален чин, но овој процес не е лесен“.

– Историјата не подучува дека сите ние мора да се соочуваме со своето минато, како што пред 50 години германскиот канцелар Велибрант, при посетата на Полска, клекна пред споменикот на хероите во Варшавското гето и на тој начин побара прошка и се извини за злосторствата на нацистите во Втората Светска војна и така го отвори патот на простување, посочува министерката Стефоска.

Таа истакнува дека за жал кај нас на Балканот овие процеси се движат многу бавно, а ние како земја не сме постигнале ништо лесно.

– Низ што се помина изминативе години премиерот и ние сите заедно, не можам како човек тоа да го фрлам во вода, како професионална историчарка имам свои видувања на темата и отворена сум за тематска прес конференција. Убедена сум дека премиерот буквално сака да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите напори тој не може да и помогне на нашата сосетка Бугарија бидејќи бугарското општество, како и секое друго, мора самото да се справува со темните страни од своето минато, има многу примери како тоа се случувало, како се работи на справување со минатото, додава Стефоска.