Адвокатката на Катица на Јанева побара од Лиле Стефанова поконкретно да ја објасни содржината на писмото што и го дал Орце Камчев.
Таа рече за деталите нема да зборува јавно и оти за него знае и Јанева. Стефанова само кажа дека во писмото имало наведено дека Наташа Савова била пратена од Мијалков да ургира кај Јанева да ги запрат истрагите за Камчев и за Мијалков.
Со тоа, објасни Стефанова, Камчев сакал да манифестира дека е моќен.
На прашањето, зошто не пријавила во службите, Стефанова одговори: „Зошто да пријавам на служба, јас сум служба“.