Македонија 27. јануари 2020. / 12:44

Стефанова: Со Чифлиганец не сме до толку блиски за да му ја знам љубовницата

Стефанова: Со Чифлиганец не сме до толку блиски за да му ја знам љубовницата

За време на рочиштето за случајот „Рекет“, адвокатата Ирена Фрчкоска побара од Лиле Стефанова да го објасни нејзиниот однос со Ванчо Чифлиганец и да каже дали се блиски.

Обвинителката објасни дека се знаат бидејќи се од ист град, но дека не знае што значи блиски.-

Што значи блиски, не му ја познам љубовницата – рече Стефанова.

Обвинителката Стефанова потврди дека Чифлиганец дошол кај неа во канцеларија, но оти за тоа биле информирани во СЈО.

На состанокот Чифлиганец се интересирал зошто се води случај против Јордан Камчев и Цветан Панделевски, коишто биле негови пријатели. Но, Стефаова појасни дека на состанокот, на Чифлиганец јасно му ставила до знаење дека за случајот нема да разговараат и дека може да си прават муабет за други работи.