Македонија 23. јули 2019. / 10:56

Стефанова: Шпекулација е – не сум уапсена

Стефанова: Шпекулација е – не сум уапсена

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, ја демантира информацијата дека е уапсена.

Оваа информација утринава се појави на социјалните мрежи, но и во неколку медиуми. Откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја отвори истрагата за случајот „Рекет“, дел од медиумите постојано го споменуваат нејзиното име, но обвинителката воопшто не е осомничена.

– Најостро ја демантирам информацијата дека сум била уапсена. За секоја идна шпекулација ќе превземам соодветни законски мерки. – изјави обвинителката Стефанова за „Фокус“.

Претходно медиумите шпекулираа и дека е извршен претрес кај обвинителката, но таа информација лично ја демантираше Стефанова, но и обвинителката Вилма Русковска, која ја води истрагата.