Македонија 23. март 2020. / 11:15

Стефаноски: Полицискиот час да почнува од 18 часот и да се забрани движење на постари

Стефаноски: Полицискиот час да почнува од 18 часот и да се забрани движење на постари

Ова со континуираниве прес конференции во Влада почна да заличува на ораторска вечер со таа разлика што бар на такви приредби има публика. Во услови кога медиумите немаат пристап во Влада, кога од другата страна на министрите на местото на медиумите се членовите на нивните кабинети кои ги храбрат и аплаудираат се наметнува прашањето зошто го прават ова????, напиша  Сашо Стефановски  од ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Дали ако секојдневно држат прес конференции и повторуваат исто па исто народот ќе создаде впечаток дека знаат што прават??? Можеби да, но тоа ќе биде фатаморгана,илузија, замајување на јавност која ќе се прекрши уште наредниот ден со уште поголема бројка на заболени! Тоа е погрешна, потценувачка и лицемерна стратегија! Ова е светска криза, пандемија, но секако има позитивни примери на справување со истата како Јапонија и Јужна Кореја. Да учиме од нив и да ги преземеме тие мерки! Постапете одлучно веднаш!

За почеток:
1.ограничете движење на постари од 60 години преку цел ден
2.Полицискиот час да почнува што порано (по можност од 18 часот)
3.итна набавка на медицински заштитни материјали за медицински персонал и популација

Треба решителна акција, остри мерки. За тоа сите даваме поддршка!