Македонија 25. септември 2020. / 09:00

Станот на Навални во Москва е запленет, неговите банкарски сметки се замрзнати

Станот на Навални во Москва е запленет, неговите банкарски сметки се замрзнати

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е запленет по судска постапка, додека се опоравуваше во берлинската болница, рече неговиот портпарол Кира Јармиш, а објави  Ројтерс.

„Ова значи дека станот не може да се продава, дарува или става под хипотека“, рече Јармиш во видео пораката објавена на Твитер.

Навални беше пренесен од Русија во Берлин минатиот месец откако се разболе за време на домашниот лет за Сибир. Западот побара објаснување од Кремељ, кој, сепак, негираше вмешаност во инцидентот и рече дека сè уште не видел доказ за кривично дело (труење).

Јармиш појасни дека имотот на Навални е запленет на 27 август поради тужба поднесена од угостителска компанија во Москва.