СДСМ смета дека Љубиша Станковиќ е малку да биде новинар во провладина национална телевизија, малку е што е во премиерскиот кабинет советник на Зоран Заев, па морало да му најдат уште една функција, пишува Курир.
Љубиша Станковиќ сега се најде и на листата именувани членови на Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.
Како што дознаваме, листата на членови на Одборот е новосоставена на предлог на СДСМ и на Шилегов, а е изгласана без опозицијата. Оттука прашањето е што бара советник на премиерот и ПР на Советот за реформи на правосудството во изборот за добитник на „13 ноемвриската“ награда на Град Скопје?
За потсетување, Станковиќ „советува“ од април минатата година додека беше новинар во национална телевизија, каде што и ќе останеше доколку советничката афера не предизвикаше толкаво внимание.